Од понеделник почнува голема акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Аеродром

Kabast-otpad.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Аеродром од понеделник почнува голема акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината што ќе трае до крајот на септември.


Во соработка со ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром, на повеќе локации ќе бидат поставени садови каде што граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар и дотраен мебел.

Акцијата ќе започне од населба Мичурин каде што в понеделник на 29 јули садовите ќе бидат поставени на улица „Анастас Митрев“ зад паркот до трансформаторот, и на улица „Венјамин Мачуковски“ до трансформаторот кај Железничка станица.

Потоа, на 30 јули, вторник, жителите на Острово својот кабаст отпад ќе можат да го оставаат на улица „Владимир Комаров“ бр. 9 до контејнерите, како и на „Владимир Комаров“ број 16 зад ТЦ „Скопјанка“.

Кабастиот отпад е планирано да се собира речиси до крајот на септември, а жителите за сите локации и датуми можат да се информираат на следниов ЛИНК:

http://aerodrom.gov.mk/…/juli…/LOKACII%20I%20DATUMI.jpg

Ваквата акција се спроведува со цел да им се излезе во пресрет на аеродромци бесплатно да го отстранат стариот мебел од своите домови. Со тоа истовремено ја заштитуваме животната средина од несовесно фрлање отпад, при што се создаваат диви депонии што ја загадуваат околината, но и даваат лоша слика за Аеродром.

Истовремено, Општина Аеродром најавува дека во наредниот период во голема мера ќе ги зајакне инспекциските контроли на терен. Доколку се забележи дека граѓани фрлаат кабаст и друг вид отпад на локации што не се наменети за тоа ќе се применуваат најстроги казни за таквото несовесно однесување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK