Од денеска повторно отворена за сообраќај делницата од Охрид до Подмоље на магистралниот пат кон Кичево

podmolje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од денеска во 11 часот во редовен сообраќај ќе биде пуштена делницата од магистралниот пат Охрид – Кичево на потегот од излезот на градот до Подмоље, што поради градежни работи од минатиот месец беше затворена за сообраќај.

Со тоа престанува да важи времениот режим со задолжителното пренасочување на сообраќајот по стариот пат Охрид – Струга.


Од СВР – Охрид се апелира до возачите на внимателно управување со моторните возила и прилагодување на брзината кон состојбата и условите на патот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK