Објавен Конкурсот за доделување 5 стипендии на студенти во прва година – жители на општина Гевгелија, запишани на Медицинските факултети за академската 2025/2026 година


276090605_2508236055977278_7136082825220525128_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Согласно донесената Одлука на Советот на Општина Гевгелија за доделување 5 стипендии во академската 2025/2026 година, Комисијата за образование, спорт и култура распиша Јавен конкурс за доделување стипендии на студенти- жители на општина Гевгелија, запишани во прва година на Медицинските факултети. Општина Гевгелија за студиската 2025/2026 година, ќе додели пет стипендии на студенти-жители на општина Гевгелија, запишани на Mедицинските факултети- отсек Општа медицина во Република Македонија кои запишале прв семестар во студиската 2025/2026 година, па се до завршување на студиите доколку се редовни студенти.

Износот на стипендија по студент изнесува 6.000,00 денари месечно и се доделува десет месеци во времетраење на една академска година, шеесет месеци во текот на шест академски години (12 семестри).


Пријавите на апликантите со потребната документација треба да се достават лично до архивата на Општина Гевгелија, или да се достават со препорачана пошта до: Општина Гевгелија, улица „Димитар Влахов“ бр. 4, 1480 Гевгелија со назнака: „За конкурсот за доделување на 5 (пет) стипендии на студенти на Медицинските факултети-отсек општа медицина од општина Гевгелија за академската 2025/2026 година“. Крајниот рок за поднесување на пријави со потребната документација за стипендии е до 10.12.2024 година, до 16:00 часот.

Повеќе информации на линкот: Конкурс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK