Согласно донесената Одлука на Советот на Општина Гевгелија за доделување 5 стипендии во академската 2024/2025 година, Комисијата за образование, спорт и култура распиша Јавен конкурс за доделување стипендии на студенти- жители на општина Гевгелија, запишани во прва година на Медицинските факултети. Општина Гевгелија за студиската 2024/2025 година ќе додели пет стипендии на студенти-жители на општина Гевгелија, запишани на Mедицинските факултети- отсек Општа медицина во Република Македонија кои запишале прв семестар во студиската 2024/2025 година, па се до завршување на студиите доколку се редовни студенти.
Износот на стипендија по студент изнесува 6.000,00 денари месечно и се доделува десет месеци во текот на студиската 2024/2025 година (од септември 2024 година до јуни 2025 година).
Пријавата за стипендија заедно со документите за исполнување на условите од овој конкурс се доставуваат до: Архивата на Општина Гевгелија или по пошта на адреса: Општина Гевгелија, улица „Димитар Влахов“ бр. 4, 1480 Гевгелија. Крајниот рок за поднесување на пријави со потребната документација за стипендии е до 3.12.2024 година, до 16:00 часот.
Повеќе информации на линкот: Конкурс