Обдележан Денот на македонската револуционерна борба во Куманово

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со пригодна културно – уметничка програма во Занаетчиски дом, денеска беше одбележан 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, во организација на Фондација за култура и спорт Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината.
Манифестацијата беше отворена со поетска творба “Татковина” во чест на празникот, во интерпретација на ученичка од СОУ “Перо Наков” – Куманово.
Присутните имаа можност да разгледаат изложбена поставка на историски документи и фоографии на основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација – ВМРО, од ризницата на НУ Музеј – Куманово, по што следуваше и проекција на документарен филм за ликот и делото на македонскиот визионер и револуционер, Гоце Делчев, во продукција на МРТВ.
На настанот присуствуваа претседателката и членови на Совет на Општина Куманово.



The post Обдележан Денот на македонската револуционерна борба во Куманово first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK