По повод Новогодишните празници, денеска од името на општина Куманово претседателката на Совет Ѓорѓиевска и раководителот Крстевски ги израдуваа корисниците на Здружение за промоција и развој на инклузивно општество “Инклузива”, Центар за рехабилитација и реинтеграција на лица со интелектуална попреченост над 18 – годишна возраст “Порака наша” и Дневен центар на лица со попреченост. Новогодишната радост им ја зголеми присуството на Дедо Мраз со новогодишни пакетчиња. Во предновогодишен амбиент и расположение, на корисниците им беа упатени искрени желби за среќни и успешни моменти во Новата 2025 година.
The post Новогодишни пакетчиња за корисниците на “Инклузива”, “Порака наша” и Дневен центар на лица со попреченост first appeared on Општина Куманово.