Почитувани сограѓани,
Зад нас ја оставаме 2024 година, ја испраќаме со носталгија, со надеж и верба кон подобра и просперитетна 2025 година. Со меѓусебна почит и соработка, сплотени заедно да ги совладуваме предизвиците и поставените цели, да градиме стабилна и сигурна иднина, да бидеме инспирација за нашата младина.Наша обврска е да менуваме, да реализираме нови идеи и проекти, да бидеме поуспешни од порано, да чекориме со победнички дух и ентузијазам. Ви посакувам добро здравје, радост и благосостојба во вашите домови, годината што иде нека биде успешна и плодна за сите граѓани!
Среќни и бериќетни празници!
The post Новогодишна честитка од градоначалникот Максим Димитриевски до граѓаните на Општина Куманово first appeared on Општина Куманово.