Ново детско катче во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија

461924978_544428927975141_411558472165208283_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во дворот на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија е оплеменет нов простор со соодветни реквизити за деца со безбедносен сертификат и се комбинација на физички, сензорни и социјални елементи. Просторот ќе биде во функција за подобрување на физичкиот, сензорниот и социјалниот развој на децата.

Увид на детското катче изврши градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, заедно со директорката на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, Ружица Икономова.


– Како резултат на успешното менаџирање во јавните установи, реализиран е Проектот за изградба на ново модерно детско катче во дворот на Основно училиште „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија. Поставена е нова висококвалитетна мека подлога, нови реквизити и извршено е целосно уредување на просторот, а во наредниот период ќе бидат извршени дополнителни работи за истото да ги исполни стандардите за сензорно катче за деца. Во новото детско катче, најмалите дечиња ќе имаат можност квалитетно да го поминуваат своето слободно време. Со создавање на повеќе вакви содржини низ градот и населените места овозможуваме поинаков тек на активности на најмладите. На овој начин, децата помалку од своето време ќе го поминуваат на своите електронски уреди – истакна градоначалникот Сарамандов во својата објава на социјалните медиуми за изградбата на детското катче.

– Паралелно, се работи на подобрување на компетенциите на наставниот кадар за правилно користење на опремата и организирани активности и часови по ФЗО со учениците и другите засегнати страни. Оваа иницијатива е уште еден придонес за подигнување на свеста за менталното здравје на учениците и адресирање на потребите за правилен раст и развој на децата – велат од Мрежата за рурален развој на СM.

Имено, Проектот: „Единство во движење“ е кофинансирано од Училиштето и локални партнери: Oпштина Гевгелија, ЈПКД „Комуналец“, „Еуроинг“, Здружение „Национална алијанса за лица со посебни потреби“, „Бучко Ник-Мар“ ДООЕЛ Негорци, „Итек Системс“ и „Контихидропласт“, а во рамки на Програмата за развој на заедницата, поддржана од УСАИД, а имплементирана од страна на Мрежата за рурален развој на СM и ЛАГ „Бојмија“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK