Жителите од Општина Илинден добија ново место за релаксација и рекреација, станува збор за ново изградениот видиковец кој се наоѓа во делот на Бунарџик, место каде е поставена урбана опрема, изграден е видиковец од бетон, поставени се клупи, корпи за отпадоци, просторот e осветлен, хортикултурно уреден а во наредниот период ќе се изврши дополнително хортикултурно доуредување.
Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека Општина Илинден интензивно работи на реализација на нови проекти од повеќе области, со цел разубавување и уредување на просторот, но и создавање квалитетни услови за одмор и рекреација на жителите. Градоначалникот додаде дека со изградбата на видиковецот жителите добија одлично место за посета и рекреација, со поглед кон скопската котлина.
„Овој проект се реализира заедно со општествено одговорни компании, а Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реализација на проекти за уредување на простор, како и поставување на нова урбана опрема, засадување на зеленило во сите населени места со цел разувабување на секој дел од Општината“, велат од Општината.