Николов: Санацијата на дефектот на системот за наводнување „Макарија“ во завршна фаза

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Санацијата на дефектот на системот за наводнување „Макарија“ е во завршна фаза, што значи сезоната на земјоделците во нашиот крај ќе биде спасена, информираше денеска росоманскиот градоначалник Стојан Николов.

– Секојдневно работиме во интерес на граѓаните и решавање на нивните проблеми, нагласи тој.


Хаваријата на сифонот на левиот магистрален канал на системот Макарија, од кој се наводнуваат земјоделски површини во Росоманско, се случи на 27 мај. Николов тогаш појасни дека проблемот ги засега сите сопственици на земјоделски имоти по левата страна од течението на Црна Река, до испустот кај селото Ногаевци.

При увид на работите на санацијата на самото место на 19 јуни, премиерот Димитар Ковачевски нагласи дека системот Макарија е од исклучителна важност за наводнување на земјоделските површини во росоманскиот регион, што е клучно за земјоделците да ги добијат очекуваните приноси и да имаат квалитетно производство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK