Наскоро нормализирање на водоснабдувањето во охридската населба Коњско

kopanje_voda_ohrid_23434543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Дефектите на водоводната мрежа се отстранети и наскоро ќе биде нормализирано водоснабдувањето на туристичката населба Коњско на источниот брег на Охридското Езеро.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на својот фејсбук-профил објави дека екипи на охридското Јавно претпријатие „Водовод“ цела ноќ работеле на отстранување три дефекти на главната водоводна мрежа.


За проблемот со водоснабдувањето реагираа жителите на населбата кои преку социјалните мрежи се пожалија дека се надвор од системот за водоснабдување повеќе од 24 часа.

Пецаков уште посочува дека независно неповолните временски услови за работа, дежурна екипа на ЈП „Водовод“ е на терен и ќе интервенира и дополнително доколку има потреба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK