­

Народниот театар- Штип на 10 април ќе гостува во Гевгелија со претставата „Јас, на некое друго место“


postovi-april-10.4-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 10 април 2025 година, во Народниот театар- Гевгелија, ќе биде изведена театарската претстава „Јас, на некое друго место“ од репертоарот на Народниот театар при НУЦК „Ацо Шопов“- Штип. Претставата ќе започне во 20:00 часот. Влезот чини 200 денари. Билетите се пуштени во продажба и можат да се набават во просториите на Народниот театар- Гевгелија во периодот од 08:00 до 15:00 часот и на самиот ден пред почетокот на изведбата. Театарската претстава „Јас, на некое друго место“ е работена по текст на Ана Ристоска Трпеноска, а е во режија на Јован Ристовски.

– Ана се инспирира од еден весник, читајќи приказна за една мајка, сопруга, која, за жал, ги убива нејзините деца. Се случува еден пресврт во целата претстава, а жената е бегалка од Босна, кои живеат во Виена. Во претставата се разработува проблематиката со психолошкото ментално здравје, губењето на емпатија како и деструктивното однесување во средината во која живееме, истакнува режисерот Ристовски. Оваа претстава треба да нè инспирира, да се запрашаме кој сме, што сме и дали како граѓани имаме добро однесување кон заедницата околу нас и дали ги забележавме луѓето, со кои сме најблиски, односно дали имаат проблем или не, бидејќи најчесто менталните и психолошки проблеми луѓето ги кријат и им е непријатно да ги кажат на глас.


Во претставата „Јас, на некое друго место“ играат: Марија Минчева-Андонов, Елена Шорова-Дербов, Пеце Ристевски, Ангелка Нашкова, Миле Вратеовски, Ефтим Трајчов, Ава Хусеини и Стефанија Митовска.

Гостувањето на Народниот театар- Штип со претставата „Јас, на некое друго место“ во Гевгелија е во организација на Домот на културата „Македонија“, а е во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK