Денеска од името на општина Куманово градоначалникот Максим Димитриевски традиционално додели пригодни награди на најдобрите полицаец и пожарникар за 2024година. Оваа година за најуспешни и истакнати поединци во своите професии со беспрекорно извршување на работните задачи, беа прогласени Никола Богдановски, вработен во ТППЕ Куманово на работно место пожарникар – спасител и Аднан Бислими, полициски службеник во Полициска станица од општа надлежност при СВР Куманово. Согласно со несебичните залагања и евидентните резултати во секојдневната работа, на најдобрите полицаец и пожарникар Димитриевски им се заблагодари за посветеноста во заштита на граѓаните, посакувајќи им континуитет во понатамошното извршување на работните активности.
The post Најдобри полицаец и пожарникар за 2024 година first appeared on Општина Куманово.