На 17 ноември, по 5. пат „Гевгелија на точак“

465892080_998156982351025_3178072453673016295_n-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Гевгелија следи уште еден спортски настан што Здруженијата на граѓани „Чејнџмејкерс“ и „Гевгелија Точак Клуб“ го организираат по повод Општинскиот празник- 7 Ноември. На 17 ноември 2024 година, ќе се одржи 5. издание на „Гевгелија на точак“, со почеток во 13:00 часот. Стартната локација, како и секоја година, е улицата „Маршал Тито“- Гевгелија, кај „ДНКВ Комерц“- Гевгелија.

Покрај ревијалното возење, следува и натпреварувачкиот дел за децата, од шесто до деветто одделение во сите основни училишта на подрачјето на Општина Гевгелија. „Бавната трка“, во соработка со Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија, ќе биде одржана на Градскиот плоштад, а за победникот ќе следува награда велосипед.


Настанот е поддржан од Општина Гевгелија, преку Програмата за финансирање на спортските активности за 2024 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK