МЗ Галичник бара помош од институциите поради присуство на мечки во селото

otpad
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Месната заедница на село Галичник со допис до надлежните институции бара да се надмине проблемот со мечките кои се движат во околината и во селото.


– Би сакале да ве известиме повеќе пати официјално сме се обратиле до  Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство и укажуваме на растечкиот проблем со присуство на мечки во Галичник, стои во известувањето потпишано од Александар Костиќ, претседател на МЗ Галичник.

Во дописот се наведува дека одомаќинети диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението и упатуваат апел до надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население како да постапуваат.

Последниот допис, како што се наведува е испратен минатата недела на службениот мејл на Инспекторатот.

Присуството на диви животни и мечки, според Костиќ е забележливо по нивните траги и растурањето на комуналниот смет во кој има и храна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK