Мнозинството советници не се против запишување на поголем број деца во воспитни групи во кумановската градинка, но под поинакви услови

kumanovo_3453454344
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Мнозинството во Советот на општина Куманово не е против зголемување на бројот на деца во градински групи, но не во услови како што нуди градинката, кажа на денешната прес-конференција, претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска во однос на вчерашните обвинувања на директорката на детската установа дека од септември ќе нема уписи на деца, поради одлуката на мнозинството советници.

-Мнозинството е против барањето на директорката за зголемување на број на децата според проширените капацитети, а кои важеа исклучително во Ковид кризата и со допис од МТСП се укинати, изјави Ѓорѓиевска.


Таа кажа дека за време на Ковид кризата се барало користење на други простории за ист број деца и дека сега нема да се дозволи сместување не нестандардни услови кои можат да го нарушуваат воспитно-образовниот процес, здравјето на учениците и да придонесат за нееднаков третман на запишаните деца.

-Реалниот капацитет на градинката е 1.174 деца. Со импровизирани простории (преградени занимални, холови, трпезарии) за време на Ковид кризата капацитетите се проширени на 1.550 деца. Моментално запишани деца се 1.809, што значи 635 деца, односно над 50 проценти од капацитетот согласно пропишаниот норматив, кажа Ѓорѓиевска.

Претседателката на Советот рече дека досега не добиле одговор од директорката на градинката за посета на институцијата како група советници. Што се однесува до укажувањата на директорката на „Ангел Шајче“ дека дневно искористеноста е под проектираниот капацитет, Ѓорѓиевска вели дека се поставува прашање за тоа дали се чуваат места.

-Се поставува прашањето дали директорката овозможува држење/осигурување на места во градинката по свое лично убедување или по партиски клуч додека децата на обичниот граѓанин се на листа на чекање, вели Ѓорѓиевска.

Таа кажа дека директорката е веќе 20 години на функцијата и не го надминала проблемот. Според неа, после три неплатени сметки еднострано се раскинува договорот, што ги принудува родителите да одат по судови и, како што кажа, да го полнат буџетот на установата.

Од Управниот одбор побара да се да донесе одлука доколку децата неоправдано отсуствуваат повеќе од еден месец, нивните места да бидат отстапени на деца на кои услугата им е реално потребна. Ѓорѓиевска рече дека никој нема увид во финансиското работење на установата, праша дали се почитува колективниот договор и зошто од некои родители се бараат средства за хигиена.

– Зошто за спроведување на јавните набавки е ангажирано надворешно пензионирано лице по основ на договор на дело, а кое е долгогодишен соработник на директорката и дали истото лице е незаменливо со постојниот кадар во детската градинка? Што преземала директорката 20 години за проширување на капацитетите за сместување на децата. Два пати е избрана од страна на ресорниот министер за директор на институцијата. Зошто до сега не е побарано од Министерството да се адаптираат просториите на поранешниот „Пионерски дом“, на касарната во населба Карпош, бидејќи капиталните инвестиции се под директна надлежност на ресорното министерство, праша Ѓорѓиевска.

Таа обвини за не соработка со локални институции и дека е време објектите од МТСП да се стават во служба на децата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK