Мини фудбалски терен во дворот на Подрачното училиште во Кованец


540248133_775489481535750_2117112241868190397_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Кованец е завршен нов мини фудбалски терен во дворот на подрачното училиште, како дел од заложбите на Општина Гевгелија за подобрување на спортската инфраструктура. Активностите за изградба опфатија поставување висококвалитетна подлога и мини фудбалски голови со мрежа. Новото мини игралиште ќе им овозможи на децата и младите поголема физичка активност и развој на спортски вештини, а истовремено ќе ги поттикне на социјалната интеракција, дружење и здрави навики. Ова е значаен бенефит за нивниот целокупен раст и развој, како во училишниот контекст, така и надвор од наставата.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, направи увид во новото мини игралиште, при што истакна:


– Со вакви проекти Општината продолжува да вложува во уредување на населените места и во создавање подобри услови за раст и развој на децата и младите. Со овој проект, младите добиваат современо и безбедно место за спорт, игра и активно дружење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK