За нас како претставници од Владата, од Парламентот, градоначалници, претставува посебна чест и задоволство што објектот којшто го почнавме да го градиме со симболично би рекол поставување камен темелник пред неколку месеци, денеска го гледате завршен, рече премиерот Христијан Мицкоски.
Тој му честиташе на градоначалникот за исклучително брзата реализација на ова изборно ветување, ветување со коешто практично во Општина Илинден ќе нема повеќе листи за чекање за упис во градинка, односно сите дечиња коишто ќе имаат потреба од сместување во објектите овдека во градинките во Општина Илинден ќе бидат сместени.
„Овој објект е со капацитет од шеесетина дечиња, инвестицијата е обезбедена комплетно од средства со коишто располага општината, а опремена со средства од Министерството за социјална политика, демографија и млади, значи еден заеднички проект и навистина мислам дека ваквите проекти ја враќаат довербата дека не се сите исти и дека можело поразлично, секој ден нов проект, секој ден ново изборно ветување, секој ден ново очекување на граѓаните коишто е испорачано.
Така продолжуваме понатаму за нешто повеќе од два месеци оваа Влада направи навистина работи коишто изминатите години претходната Влада не можеше ниту пак да ги замисли.
Така да уште еднаш му честитам на Александар, на советниците, на администрацијата, на луѓето од градинката за успешно, брзо, експресно завршен проект и им посакувам на дечињата да поминуваат навистина прекрасни мигови, бидејќи од тука ќе почнат да го чекорат својот животен пат и да се образуваат“, изјави Мицкоски.