Месните заедници директно учествуваа во креирањето на Општинскиот буџет за 2025 година

e3e05cfb-3c7d-4fbe-9a73-594d6b20fab9.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамки на јавната расправа по Нацрт-Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари работна средба со претседателите на месните заедници во општина Гевгелија. На средбата, беше презентиран Нацрт-Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година, така што на месните заедници им беше овозможено директно да учествуваат во креирањето на Општинскиот буџет. Имено, претседателите на МЗ во јавната расправа ги изнесоа потребите на жителите во населените места, во прв ред за подобрување на патната и комуналната инфраструктура, како и изградба на детски игралишта.

На средбата, градоначалникот Андон Сарамандов потенцираше дека сите изнесени барања и предлози се во надлежност на Општината, така што ќе бидат вградени во Буџетските програми за комунално уредување и за локални патишта и улици за 2025 година.


Јавната расправа по Нацрт-Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година продолжува денеска, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 18:00 часот. На јавната расправа можат да учествуваат сите граѓани од општина Гевгелија и да учествуваат во одредувањето на потребите од јавен интерес и од локално значење за претстојната година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK