Секторот за комунални работи инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина и природата, поради надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 , (2 последователни дена 25и26.11.2024год. со среднодневни концентрации над 100 µg/m3), согласно добиениот акцискиот план со краткорочни мерки за чист воздух (ноември-февруари, 2024-2025г) од Министерство за животна средина и просторно планирање и Заклучокот на Владата на РСМ од триесет и трета седница ги препорачува до граѓаните на Општина Куманово следните мерки:
Да се користи јавниот превоз;
Возила да не се користат без поголема потреба;
Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време;
Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал;
Правилно да се користат печките за дрва и
Строга забрана на горење на отворено.
Од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РСМ ги даваат следните препораки поради надминување на Праг на информирање:
Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор.
The post Мерки за граѓаните за намаулвање на загаденост на воздухот first appeared on Општина Куманово.