Меморандум за разбирање за официјализирање на соработката и активностите во рамки на проектот „ЕУ за чист воздух“

viber_image_2024-09-04_13-28-07-873.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во просториите на општина Куманово беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Општината и канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС), за официјализирање на соработката и активностите, кои се спроведуваат во рамките на проектот „ЕУ за чист воздух“. Проектот е тригодишна иницијатива финансирана од Европската Унија, преку инструментот за претпристапна помош која работи на подобрување на квалитетот на воздухот во Куманово, Скопје, Тетово и Битола.

Целта на овој Меморандум е да обезбеди рамка за неексклузивна соработка помеѓу двете страни во областа на подобрување на квалитетот на воздухот, врз основа на разработените цели и активности на проектот. На чинот на потпишување присуствуваа Александар Гелевски секретар на Општината, Донка Петровска раководител на Одделение за стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР, Емилија Сларидис Јаневска раководител на Сектор за урбанизам, Микела Телатин претставничка на УНОПС во Македонија, Калинка Габер проектна менаџерка, Петар Грнчаровски, машински инженер, Дејан Стојанов службеник за комуникации, Александра Сеизова  Ивановска соработничка.



Благодарение на проектот “ЕУ за чист воздух” Куманово ќе добие значителна поддршка за подобрување на животната средина, вклучувајќи замена на системи за греење на јавните згради кон извори на чиста енергија, зголемување на зелените површини во градот и подобрен мониторинг на квалитетот на воздухот.

The post Меморандум за разбирање за официјализирање на соработката и активностите во рамки на проектот „ЕУ за чист воздух“ first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK