Денеска во Занаетчиски дом, Куманово, се одржа семинар и интерактивна работилница за споделување на добри практики и искуства, од неодамна одржаната 7 -ма Регионална наставничка конференција во Велика Горица, Република Хрватска. (28.11-01.12.2024 год.) На едукативниот настан во Хрватска, учествуваа седум претставнички од Здружението на просветните работници Куманово, кои денеска ги презентираа стекнатите искуства, со учество во работилницата – Македонски мозаик. На денешниот семинар присуствуваше и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, на која и беше доделена благодарница за несебичната поддршка, од име на Здружението на просветните работници.
The post Македонски мозаик – работилница на Здружението на просветни работници Куманово first appeared on Општина Куманово.