Локалниот младински совет на Струмица ќе помога во вдомувањето на бездомните кучиња

stacionar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Локалниот младински совет на Струмица преку кампањи за подигање на свеста кај младите ќе помога во вдомувањето на бездомни кучиња кои се згрижени во Стационарот „Лана“.

Претставници на Советот денеска беа во посета на Стационарот заедно со градоначалникот Костадин Костадинов, каде се запознаа со работата и третманот на бездомните кучиња.


-Покрај кампањи ќе работиме и на зголемување на интересот кај младите за волонтирање во Стационарот и на тој начин да помогнеме во работењето, рече Васил Поп Стојанов од Локалниот младински совет на Струмица.

Градоначалникот Костадинов информираше дека денеска е одржан и првиот состанок со новоформираниот Младински совет, кој досега не функционираше.

-Само преку создавање можности креативноста на младиот човек да се претвори во дела ќе го убедиме младиот човек да има поголема доверба во локалните институции и што е можно повеќе да доаѓаат и да ги кажуваат нивните зебелешки, рече Костадинов.

Според него, со денешната посета на „Лана“ од страна на младите почнуваат посетите на јавните општински претпријатија и увид во нивната работа.

Костадинов информираше дека Младинскиот центар, кој е лоциран во општинската зграда, треба да почне со работа до крајот на септември. Заради технички проблеми со истекување на вода пролонгирано е неговото отварање. Веќе е распишана втората јавна набавка за внатрешно уредување и е нарачан мебелот

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK