Линеарно покачување на пензиите побараа пензионери од Кавадарци

penzioneri kv
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Барања за линеарно покачување на пензиите, минималната пензија да не е под 20.000 денари, сите пратеници и од Сојузот на пензионери да се заложат за ова, побараа денеска од Иницијативен одбор на пензионери Кавадарци на протест на градскиот плоштад.

– Се собравме денес да побараме подобар живот. Бараме покачување на пензиите. Во Кавадарци има 6.070 пензионери, 3.000 а можеби и повеќе земаат пензија до 15.000 денари. Како да преживееме со тие примања. Затоа бараме линеарно покачување на пензиите во септември. Зошто скоро во сите општински здруженија работат пензионери со високи пензии, па плус земаат. И ние со ниски пензии знаеме, можеме и сакаме да работиме во здруженијата на пензионери, со тоа да придонесеме за подобар живот на пензионерите, нагласи Драгица Антик.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK