Во организација на Општински сојуз на училишен спорт, денеска официјално започна Лига на детска атлетика, во која ќе се натпреваруваат ученици од трето и четврто одделение, во машка и женска конкуренција, од 14 основи училишта од општините Куманово и Старо Нагоричане.
Натпреварите ќе се одржуваат во етапи, предвидени се 7 кола во текот на учебната 2024/2025 година, каде ќе учествуваат околу 1000 ученици, предводени од нивните наставници по физичко и здравствено образование во тандем настава.
На денешниот настан кој се одржа на училишното игралиште на ООУ “Крсте Мисирков” и ООУ “Браќа Миладиновци”, присуствуваа претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, раководителот на Сектор за образование при Општината, Александар Јовановиќ, претседателот на Општински сојуз на спортови Куманово, Филип Колевски и претседателот на Општински сојуз на училишен спорт, Марјан Нојковски, кои низ своите излагања ја истакнаа иницијативата за помасовно вклучување на основците во спортски активности, што претставува важен фактор за правилен раст и развој на младата популација.
The post Лига во детска атлетика first appeared on Општина Куманово.