Во Занаетчиски дом, Куманово денеска се одржа промоција на литературно дело, во кое е опишан ликот и делото на Лазар Соколов, знаменит општествен работник, учесник во НОБ и еден од поверениците на Првото заседание на АСНОМ, одржано во манастирот Св.Прохор Пчински, на 2 август 1944 година.
Лазар Соколов е значајна историска личност од Куманово, основоположник на економско – социјалниот систем, на полјоделството и стопанството, по завршувањето на Втората светска војна, во Народна Република Македонија, во рамки на тогашната Југославија.
Соколов е поборник за единствена територијална целина, не само за Вардарскиот дел на Македонија, идеал кој ќе го одведе во ропство на Голи Оток, од страна на тогашниот комунистички режим.
Книжевното дело е потпишано од авторите проф. д-р Катерина Тодороска и м-р Станислава Трајановска, во издание на Менора – Скопје, со поддршка на Општина Куманово.
На културно – уметничкиот настан присуствуваа претседателката и членови на Советот на Општината и претставници на општинската администрација.
The post “Лазар Соколов 1914-1984” – промоција на книга first appeared on Општина Куманово.