Кумановските деветоодделенци во првиот уписен рок избраа технички и стручни насоки

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кумановските деветоодделенци преферираат технички и стручни насоки, покажуваат првичните податоци на секторот за образование Куманово. Сепак, интерес има и за гимназиско образование.
Најмногу ученици во првиот уписен рок има во „Наце Буѓони“ каде се пријавиле 388 ученици, а се запишале 322 ученици, од кои 177 на македонски наставен јазик, а 145 на албански наставен јазик.


Според првичните податоци во гимназијата „Гоце Делчев“ во првиот уписен рок се пријавиле 164 ученици, а се запишале 161 на македонски наставен јазик. Во гимназијата „Сами Фрашери“ се пријавиле 124 ученици и се запишале 116 ученици на албански наставен јазик. Во „Перо Наков“ од пријавени 336 ученици, а се запишале 206 ученици, од кои 146 на македонски наставен јазик, а 60 на албански наставен јазик.

– Дали кампањите, дали интересот, размислувањата за понатамошно образование и работа, техничка струка е повеќе застапена во споредба со минатите години, дали тоа го направи кампањата на МОН „Учи паметно, работи стручно“, малку се зголеми интересот за овие паралелки во техничкото училиште, пред сè и дуалните паралелки исто така, се застапени оваа година повеќе од минатите, изјави раководителот на секторот за образование во Општина Куманово.

Во државното средно училиште, Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ во првиот уписен рок се запишале 135 ученици на македонски и 55 на албански наставен јазик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK