Традиционалната групна годишна изложба на уметнички дела “Кумановски ликовни уметници 2024”, во чест на празникот 11 Ноември, беше отворена вечерва, во салонот на Уметничката галерија при НУ Музеј – Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам на РСМ.
На 68 издание на ликовната манифестација, учествуваа 24 академски ликовни уметници од градот, од повеќе генерации, кои се претставија со своите ликовни дела на слободна тема.
Поставката ја сочинуваат слики изработени во различни ликовни техники, графики, просторни инсталации и видеоарт.
Љубителите на уметноста ќе имаат можност да разгледаат богата палета на ликовен израз на авторите, кој се движи од традиционален до модерен стил и претставува освежување на уметничката градска сцена.
Културно – уметничкиот настан го отвори градоначалникот на Општина Куманово, кој се обрати пред присутните со пригодни зборови, посакувајќи им на уметниците уште многу успешни и креативни творби во иднина.
На настанот присуствуваа секретарот, претседателката и членови на Советот на Општината и претставници на општинската администрација.
Изложбата ќе биде отворена до 20 ноември.
The post “Кумановски ликовни уметници 2024”- изложба на уметнички дела first appeared on Општина Куманово.