Кумановски гимназијалци освоија трето и четврто место по англиски јазик на ХИПО натпревар во Италија

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Учениците од кумановската гимназија „Гоце Делчев“,Мила Смилевска и Марко Спасовски освоија трето и четврто место на Меѓународниот натпревар по англиски јазик „Хипо“ одржан во Lido di Jesolo, Италија кој се одржа од 23 до 25 мај годинава. Во силна конкуренција Смилевска (прва година) и Спасовски (втора година) како единствени претставници од државата на нивната категорија ги освоија високите трето и четврто место помеѓу 180 најдобри ученици од европските држави.

Во изјавата за медиуите двајцата ученици кажаа дека темелно се подготвувале со менторите извесен период пред натпреварот.


– Натпреварот го организира непрофитната организација ХИПО којашто веќе 11-та година по ред го организира овој натпревар на годишно ниво и може да се каже дека оваа година учениците од кумановска гимназија забележаа доста голем успех којшто не може да помине незабележано. Пред натпреварот се одржа квалификации за финале. Вреди да се спомене дека оваа година на европско ниво беа пријавени околу 30.000 натпреварувачи и од сите нив нашите ученици освоија трето и четврто место, изјави професорката по англиски, Александра Маневска, која заедно со колешката Елена Марковска ги подгтовуваа учениците за престежниот натшревар.

Како што појаснија учениците и професорката натреварот има од комбиниран карактер, едниот дел е толкување текстови, вториот дел од тестот е употреба на англискиот односно граматички дел.

– Втор пат учествувам на ХИПО на европско ниво, во 2021 година кога го освоив првото место, сега сум многу задоволна од трето и се надевам дека во иднина ќе продолжам со вакви успеси, изјави ученичката Мила Смилевска. Спасовски пак се надева на пласман наредната година.

„Хипо“ е меѓународна олимпијада што се организира со цел да ја промовира важноста на познавањето на англискиот јазик и да ги зближи децата од различни земји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK