Културна детоксикација – тридневна музичка манифестација


received_941554871250277.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Музички настан со настап на неколку изведувачи, се одржува овој викенд во Занаетчиски дом, во организација на Art Attack festival и Александар Краљевски, со поддршка на Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт.

Увертира на манифестацијата беше во петок, во фоаје на НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, каде настапи Gipsy Rufina, панк – рок трубадур од Италија, познат музичар, кој настапувал на сцени низ Европа, Јужна Америка и САД.


Во сабота во Занаетчиски дом, пред публиката настапиja кумановскиот метал бенд Triggered и Беседа, спој на psychedelic stoner rock и метал елементи, зачинети со прогресивни бранови, кои бележат бројни настапи на странски музички фестивали.

Манифестацијата завршува во недела, ден резервиран за дневен настан – Фијук саем, промоција на независно издаваштво, инициран од Матријаршија од Белград.

Целта е да се соберат на едно место поголем број на издавачи, кои се занимаваат со уметничка продукција и издавање на книги, фанзини, весници, цртежи, слики, фотографија и музика.

Настанот беше збогатен со изложба на Лусијана Ампева.


 

The post Културна детоксикација – тридневна музичка манифестација first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK