Покажувајки ја уште еднаш хуманоста на дело, граѓаните на Делчево денеска подарија 64 крвни единици во рамки на августовската крводарителска акција. Имајки предвид дека е период на годишни одмори од Црвен крст Делчево како организатори на акцијата изразија задоволство од одзивот на граѓаните.
-И оваа акција се одвиваше согласно нашите очекувања, топлото време не ги спречи граѓаните да даруваат крв, така што ја имавме предвидената бројка на собрани крвни единици, информираа од Општинската организација на Црвен крст Делчево.
Следната крводарителска акција, Црвен крст Делчево ќе ја реализира утре со хуманите граѓани од Македонска Каменица.
-Акцијата во Македонска Каменица ќе се одвива во Домот на култура за што упатуваме покана до крводарителите од ова гратче и сите кои сакаат да спасат човечки живот да дојдат и да не посетат, додадоа од делчевската хуманитарна организација.
Следната акција со крводарителите од Делчево ќе се одржи на почетокот на идниот месец.