На вчерашната Јавна трибина „Биди свесна, проверувај редовно“, беше премиерно претставен краткиот видеофилм „…Преживеав“, во рамки на активностите на Општина Гевгелија и КЕМ за подигање на свеста кај жените за ракот на дојка. Видеофилмот е продукција на Општина Гевгелија и Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Гевгелија.
Учествува: Светлана Стојковиќ
Сценарио и режија: Петар Јанчев
Видео и монтажа: Васко Трајков
Заменик-координаторот за ЕМЖМ во Општина Гевгелија, Петар Јанчев, изрази голема благодарност до: ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија и директорот Патрик Матх, вработените во Одделението за хирургија и Одделението за радиологија, ПЗУ „Хаџи-Николов“- Гевгелија, нејзините вработени и докторката Елена Хаџи-Николова зашто без нивната поддршка оваа активност немаше да се реализира.
Линк: Видеофилм „…Преживеав“