Копродукцијата „Едвард Втори“ со бугарско учество ќе има премиера во Охрид

edvard vtori
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерата на театарската продукција „Едвард Втори“ ќе се одржи в недела, на 6 август, во центарот за култура „Григор Перличев“ во Охрид, информираат од Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје (БГКИЦ).

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.


Претставата е копродукција на Драмски театар – Пловдив и театарот „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ од Велес. Претставата е дел од официјалната програма на фестивалот „Охридско лето“ и се реализира со поддршка на БГКИЦ и на Министерство за култура на Република Северна Македонија.

Соработката меѓу двата театра опфаќа две копродукции.

Двегодишниот проект вклучува создавање на две претстави – под режисерската палка на Андриј Жолдак, Украина – „Едвард Втори“, и изведба на Дијана Добрева, Бугарија. Двете театарски претстави ќе бидат изведени на сцените на двата театра и ќе бидат придружени со работилници на кои ќе учествуваат студенти од Универзитетот „Европа Прима“, информираат од Драмскиот театар во Пловдив.

Претставата „Едвард Втори“ од Кристофер Марлоу опфаќа повеќе различни теми. Главната насока е приказната за Едвард Втори, а потоа следува „Ричард Втори“ од Шекспир. Темите за кои се разговара се односот меѓу таткото и синот, во отсуство на мајката, а потоа мотивите на моќта и луксузот, па оттука и прекумерното уживање, енергијата на младите и нивната директност. Ликот на Едвард Втори го игра бугарскиот актер Борис Крстев.

„Крајниот конфликт на 21 век е конфликтот на превласт, меѓу мажот и жената, а во текот на оваа претстава ќе видиме како тоа ќе се одвива. Овие нишки се раскажуваат низ различни театарски форми, од психолошки реални ситуации до ритуален театар и од современиот физички театар до можниот театар на иднината. Во центарот на приказната се актерите, кои се вистински луѓе, а преку нив можеме да видиме и нешто за луѓето кои живеат денес, во 2023 година“, вели Андриј Жолдак.

Претставата не е наменета за лица помлади од 16 години, велат од БГКИЦ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK