Коњановски: „Зимска приказна“ со над 50.000 посетители ја покажа моќта на Битола да обединува и инспирира

konjanoski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја поздрави успешната реализација на манифестацијата „Зимска приказна“, која оваа зима привлече над 50.000 посетители.

„Ова не беше само празничен настан, туку манифестација која ја потенцира визијата на Битола како културен и економски центар. ‘Зимска приказна’ покажа дека нашиот град може да инспирира, да обединува и да поттикне локален развој,“ истакна Коњановски.


Манифестацијата се реализираше со вкупна вредност од над 6,1 милиони денари, од кои Општина Битола и Културно-информативниот центар Битола (КИЦ) вложија значителни средства. Дополнително, финансиската поддршка од спонзори и локални бизниси обезбеди дополнителни активности, како популарното лизгалиште и возот „Мечо“, кои ги радуваа најмладите.

„‘Зимска приказна’ беше вистински поттик за локалната економија. Угостителите, производителите на храна, и ракотворците имаа можност да ги претстават своите производи, додека туристите го доживеаја магичното лице на Битола,“ додаде Коњановски.

Градоначалникот изрази благодарност до сите учесници, соработници и граѓани кои ја поддржаа манифестацијата, нагласувајќи дека оваа приказна ќе продолжи и во иднина, зацврстувајќи ја Битола како пример за културен туризам и заедничка соработка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK