Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски со соопштение до јавноста информира дека синоќа Советот на Општина Битола изгласа ребеланс на локалниот буџет кој според него нема да биде вчитан од Министерството за финансии.
Советот на Општина Битола изгласа ребаланс на буџетот и ја надминува законската рамка за 116.000.000 денари, поради што истиот нема да биде вчитан и одобрен од Министерството за финансии, а со тоа ништо од амандманите кои ги усвоија нема да може да се реализира.
-Советниците не го испочитуваа Законот за финансирање на единиците за локална самоуправа, каде јасно е наведено дека, општината може да го надмине максимално утврдениот износ доколку обезбеди потврда за трансфер на средства од соодветна институција или во случај на промени кои се однесуваат на видот и висината на сопствените приходи на основниот буџет. Моите обиди да постигнеме разумно и законско решение, со координаторите на советничките групи, не се реализираа. Сега, за жал усвоениот фиктивен ребаланс на буџетот кој потенцирам е незаконски, нема да се реализира, а со тоа нема да може да се реализира, ниту она што го предлагав јас, како предлагач на доставениот ребалансот на буџетот до советниците, информира Коњановски.
Ребалансот на буџетот на Општина Битола, синоќа околу полноќ, од 31 член на Советот на Општина Битола, 29 гласаа „за“, додека 2 членови на советот од советничката група на политичката партија Левица, не учествуваа во гласањето