Концертот на Трио „Џентлмен“ – „шлаг“ на „Гевгелиско културно лето“

Screenshot_5-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Летниот дожд, вчера, донесе свеж воздух во Гевгелија, но свежина во културниот живот на гевгеличани донесе музичкиот бран на Триото „Џентлмен“. Во рамки на „Гевгелиско културно лето“, со изведба на 16 македонски и италијански поп, опера и народни нумери, Јане Дунимагловски, Дејан Стоев и Кристијан Антовски го одржаа својот вечерен концерт, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија.     







Настапите на Триото составено од фантастични гласови- два тенора и еден баритон беа „шлаг“ на „Гевгелиско културно лето“, а дека е така, потврдува барањето на присутните за продолжување на концертот со уште неколку вокални изведби. И, секако, наградата со аплауз како барање Триото да гостува пак во Гевгелија со концерт, докажувајќи дека навистина уживаа во музичката вечер. На репертоарот, беа исполнети: „Тајно моја“, „Кога те нема“, „Чукни во дрво“, „Штом се сака“, “Che sara”, “Caruso”, “Mama on tanto”, “O sole mio”, „Сербез Донка“, „Јовано, Јованке“, „Мајка на Марика“, „Не стој Доне, Донке“, „Молитва“, „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Сè што сакав“ и „Штом ноќта помине“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK