И ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија со своја активност го чествува Општинскиот празник- 7 Ноември. Денеска (6 ноември), во 18:00 часот, Основното музичко училиште организира Концерт по повод 80 години од ослободувањето на Гевгелија. Во балетската сала, ќе настапат ученици од сите класи во Училиштето, со 21. музичка точка.
Како што велат од ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, Концертот го посветуваат на љубовта кон родниот град и на луѓето кои го правеле и го прават голем и горд во изминатите 80 години.