„Комунално“ Струга со апел да не се оштетуваат урбаната опрема и јавните површини

struga
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Превртени канти за отпадоци и расфрал отпад, растурени цвеќиња, уништени зелени површини. Таква е сликата во Струга по уништување на дел од урбаната опрема и уредениот зелен простор од страна на несовесни граѓани.


Јавното претпријатие „Комунално“ апелира да не се оштетува и да не се остава лоша слика за градот.

– Ве молиме да не ги оштетувате урбаните средини, дрвјата, цвеќињата и зеленилото, поставени од ЈП „Комунално“. Ваквите постапки само му штетат на градот и го уништуваат ликот на нашата убава Струга. Ајде сите да се грижиме за нашиот град да биде што е можно почист и поубав, стои во апелот на претпријатието.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK