Клучот од градот во рацете на карневалџиите – Започна Струмичкиот карневал 2026


636841563_1348871107264223_7602563528169555364_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на општина Струмица Петар Јанков вечерва им го предаде клучот од градот на карневалџиите и со тоа започна најновото издание на Струмичкиот карневал 2026.

Свечениот чин на примопредавањето започна од пред општинската зграда и се одржа на градскиот плоштад, во карневалска атмосфера и со присуство на поголем број граѓани, поддржувачи и почитувачи на оваа вековна струмичка традиција.Градоначалникот Јанков клучот од градот и го предаде на Танкица Стојанова, претседателка на Организациониот одбор на карневалот и на сите учесници во годинашното карневалско издание им посака добра забава.


-Со предавањето на клучот на карневалџиите започнува карневалската недела во Струмица и со тоа владеењето е во нивни раце се до траењето на Карневалот. Деновиве не очекува интересна програма организирана од карневалскиот одбор и поддржана од Општината. Се надевам дека ова карневалско издание ќе биде едно од најуспешните и им посакувам добра забава и пријатна атмосфера на сите учесници во ова наше струмичко карневалско чудо, рече во своето обраќање градоначалникот Јанков.

Карневалската атмосфера од плоштадот продолжи во Градската уметничка галерија, каде беше отворена изложба на карневалски маски на нашиот сограѓанин Цветко Багашовски кој годинава одбележува 35 години учество на Струмичкиот карневал.

The post Клучот од градот во рацете на карневалџиите – Започна Струмичкиот карневал 2026 appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK