Ќе се реконструира патниот правец Мрежичко – Мајден во Кавадаречко

majden_vitac_kavadarci_23423423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Ќе се реконструира патниот правец Мрежичко – Мајден во Кавадаречко, информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на денешната седница на Општинскиот Совет.

-Последната информација што ја имаме како општина е дека преку Агенцијата за патишта се одобрени 30 милиони денари за реконструкција и рехабилитација на патот Мрежичко – Мајден. Во наредниот период треба да излезе комисија од „Македонија пат“ и Агенцијата за патишта, да се види до каде ќе може да се реконструира со 30 милиони денари. Јас верувам дека би стигнале до населбата „Свети Петре” и до самата капија на рудникот Ржаново, соопшти градоначалникот.


Јанчев нагласи дека тој патен правец е во многу лоша состојба.

Станува збор за патен правец што води до светски познатиот рудник Алшар, но и до планираниот граничен премин на македонско-грчката граница Пулевац, на територијата на Општината Кавадарци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK