Кавадарци распиша конкурс за доделување на наградата ,,7 Септември”

opshtina-kavadarci
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кавадаречката локална самоуправа распиша конкурс за доделување на наградата „7 Септември“ за 2023 година, по повод одбележувањето на денот на ослободувањето на градот.

Од локалната самоуправа денеска потсетија дека општинската награда се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание на Градот Кавадарци, за остварувања во областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, спортот, физичката и техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација, кај нас и во светот.


– На ученици и на студенти, наградата се доделува за творечки труд или континуирани, успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности, што претставуваа посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Кавадарци. Наградата се доделува за остварувања во изминатиот период од една година, сметано до завршувањето на конкурсот, како и за подолг изминат период, кој претставува заокружена творечка или континуирана работна целина, појаснија од Општината.

Наградата за физички и правни лица, се состои од диплома и плакета.

Право на предлагање кандидати за наградата, имаат правни и физички лица.

Предлогот за наградата треба да биде детално образложен, а за кандидатите поединци да содржи и биографија.

Кон предлогот за доделување на наградата за печатени дела и други изданија, се приложуваат и два примерока од делото.

Предлозите и иницијативите треба да се достават до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, при Совет на Општина Кавадарци, најдоцна до 18 август.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK