ЈОУДГ „ЈАСНА РИСТЕСКА“ ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК


MEGA7368-scaled.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со богата свечена приредба која се одржа доцна попладнево  во спортската сала „Билјанини извори“, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ го одбележаа својот патронен празник.

Пред бројните родители и гости свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.


-Имам исклучителна чест и привилегија, да Ви се обратам во името на Општина Охрид и во свое лично име, и да искажам неизмерна среќа што денес сум меѓу вас да го одбележиме патронот на детската градинка „Јасна Ристеска“.

‎Детската установа, повеќе од 6 децении се грижи и ги воспитува нашите најмили, за што во оваа пригода упатувам искрена благодарност за сите генерации учителки, негователки и вработени кои со својата благородна работа издигнаа и воспитаа многу деца.

‎Денес Јавната установа „Јасна Ристеска“ секој ден згрижува околу 1000 деца, рапоредени во 5 објекти и 4 просторни услови. Ве уверувам дека како локална самоуправа максимално сме посветени континуирано да ги подобруваме условите за работа и престој на нашите најмили, бидејќи цврсто сме уверени дека децата се нашето најголемо богатство.

‎Ве поканувам да го проследиме „Детскиот шарен свет“ и да уживаме во невината и инвентивна детска игра, истакна Пецаков во своето обраќање.


Во рамки на свечената програма беа изведени бројни музички и танцувачки точки подготвени од најмладите, под менторство на воспитувачите од градинката.

The post ЈОУДГ „ЈАСНА РИСТЕСКА“ ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК first appeared on Ohrid.gov.mk.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK