На 16 Декември 2024 година (понеделник) со почеток во 18 часот, во Народниот театар во Гевгелија, Општина Гевгелија организира јавна расправа за прибирање на предлози од граѓаните за креирање на буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година.
Општина Гевгелија ги поканува сите заинтересирани граѓани и месните заедници да се вклучат во јавната расправа и да учествуваат во одредувањето на потребите од јавен интерес од локално значење за претстојната година.