Општина Гевгелија организира Јавна презентација и јавна анкета за измена и дополнување на Детален урбанистички план за Блок 15 (дел 15.10), општина Гевгелија. Јавната презентација и јавната анкета за измена и дополнување на Детален урбанистички план за Блок 15 (дел 15.10), општина Гевгелија ќе се одржи на 25 септември 2024 година (среда), во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 11:00 часот.
Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 16.508 метри квадратни. Планскиот опфат на измените и дополнувањата на ДУП Блок 15 (дел 15.10) е ограничен:
– на север границата започнува од најсеверната точка и се движи во западен правец по оска на собирна улица „Новопланирана 1“ (планиран прогил на собирна улица по Регулацискиот план на ГУП на Град Гевгелија, Измени и дополнување, 2011-2021 година за Блок 15, Општина Гевгелија, за плански период 2020-2021 година);
– на северозапад се движи во јужен правец по јужната граница на постојниот канал се до најзападна точка;
– на југ границата започнува од најјужната точка, се движи во југоисточен правец по оска на сервисна улица „CE-6” (планиран профил на сервисна улица по Регулацискиот план на ГУП на Град Гевгелија, Измени и дополнување, 2011-2021 година за Блок 15, Општина Гевгелија, за плански период 2020-2021 година), се до најисточна точка;
– на исток границата започнува од најисточна точка, се движи дво северен правец по оска на сервисна улица „CE-2” (планиран профил на сервисна улица по Регулацискиот план на ГУП на Град Гевгелија, Измени и дополнување, 2011-2021 година за Блок 15, Општина Гевгелија, за плански период 2020-2021 година), се до почетната точка.
Јавната анкета ќе трае 30 дена, односно од 25 септември до 25 октомври 2024 година. Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од подрачјето опфатено со планот, како и државните органи и други институции ќе можат да ги достават своите забелешки, предлози и мислења на анкетни листови.
Соопштението заедно со Синтезниот план и анкетните листови се објавени на веб-страната на Општина Гевгелија, во делот Соопштенија.