Денеска во кружната сала на зградата на поранешни општествено-политички организации се одржа Јавна дискусија во рамки на кампањата “Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација”, на тема “Идни заложби за добро управување и поефикасна јавна администрација”. Настанот е во организација на Министерството за јавна администрација со поддршка на Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Целта на дискусијата е да се претстават идните заложби на Владата во областа на реформи во јавната администрација. Се дискутираше со стручната јавност, претставниците од институциите и останатите засегнати страни за подобрување на регулативата во областа на управување со човечки ресурси во институции од јавен сектор, како и за последните предложени законски решенија во оваа област, кои повторно се отворени за јавноста во насока на поквалитетни решенија. Се прецизираа клучните предизвици во различни сфери од работата на администрацијата и институциите, со цел брзи и квалитетни услуги за граѓаните.
Пред присутните на Јавната дискусија се обратија Максим Димитриевски градоначалник на општина Куманово, Горан Минчев министер за јавна администрација и Златко Перински министер за локална самоуправа.
The post Јавна дискусија во рамки на кампањата “Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација” first appeared on Општина Куманово.