ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на надоместокот за приклучување на дистрибутивниот гасоводен систем во 2025 година

474869402_1615218579160825_1004887186703530160_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Струмица, во соработка со ЈПЕД „Струмица – ГАС“, објавува Јавен повик за субвенционирање на надоместокот за приклучување на дистрибутивниот гасоводен систем.

Со оваа иницијатива, се овозможува субвенционирање на трошоците за „Стандарден приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем“, со вредност од 46.943,00 денари по домаќинство, во нето износ.


Субвенцијата ќе се доделува согласно принципот „прв дојден, прв услужен“, се до исцрпување на бучетот што значи дека граѓаните кои први ќе поднесат апликација ќе имаат приоритет во добивањето на субвенцијата.

Ова е одлична можност за сите граѓани кои сакаат да го користат природниот гас како енергент, да направат значителни заштеди на енергетските трошоци, а истовремено да придонесат за заштита на животната средина.

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да ја искористат оваа поволност и да ги поднесат своите апликации во предвидениот рок.

Во прилог линк од документот ЛИНК

The post ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на надоместокот за приклучување на дистрибутивниот гасоводен систем во 2025 година appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK