ЈАВЕН ПОВИК за добивање на финансиска поддршка во една наставна година за редовните ученици со попреченост, со наод и мислење,во училиштата во Општина Струмица во наставната 2024/2025 година

461286072_1075013677580943_3074215852762985860_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/2002) и член 39 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на Општина Струмица“ бр. 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 16/19 и 29/19), а во врска со одредбите од Правилникот за начинот, условите и постапката за добивање на финансиска поддршка во една наставна година за редовните ученици со попреченост, со наод и мислење, во училиштата во Општина Струмица („Службен гласник на општина Струмица“ бр.12/24), Градоначалникот на општина Струмица објавува:

ЈАВЕН ПОВИК



за добивање на финансиска поддршка во една наставна година за редовните ученици со попреченост, со наод и мислење во училиштата во Општина Струмица во наставната 2024/2025 година

 

УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
Финансиска поддршка во износ од 1.500 денари месечно, во времетраење од 9 месеци, може да добие ученик кој ги исполнува следните основни критериуми:

Да биде редовен ученик со попреченост од I-IX одделение и од I-IV година, запишан во општинските основни и средни училишта во општина Струмица и во ДСУ-РЦСОО “Никола Карев” -Струмица;
Да поседува документација за вид и степен на попреченост (Наод и мислење за функционална процена и/или Наод од стручно тело за проценка на функционирање, попреченост и здравје или потврда дека е во процес на функционална процена, како и мислење од стручната служба од училиштето каде е запишан ученикот);
Редовно да ја посетува наставата;
Да има успешен премин во следната учебна година (свидетелство за претходната учебна година за учениците од II-IX одделение и од I-IV година);
На родителот/старателот кој аплицира во име на ученикот за финансиска поддршка да не му е одземено родителското право, односно старателството.

 

За деца и млади со попреченост се сметаат децата и младите кои се со:

-оштетен вид (слабовидни и слепи)

-оштетен слух (наглуви и глуви)

-пречки во гласот, говорот и јазикот

-пречки во телесниот развој

-интелектуална попреченост (лесна, умерена, тешка и длабока)

-аутистичен спектар на нарушувања и лица со други первазивно развојни растројства

-со повеќе видови попреченост (лица со комбинирани пречки во развојот)

 

Предност за добивање на финансиска поддршка ќе имаат децата со попреченост кои се:

-деца на самохрани родители;

-деца со еден или двајца невработени родители;

-деца од семејства со приходи на ниво на минимална плата;

-деца кои доаѓаат од многудетни семејства;

-деца каде во потесното семејство има и друг член со попреченост.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

За добивање на финансиската поддршка од 1.500 денари, во времетраење од 9 месеци, потребно е да се достават следните документи:

-барање за финансиска поддршка;

-потврда од училиштето дека детето-ученикот е запишан како редовен ученик во училиштето;

-документација за видот и степенот на попреченост (Наод и мислење за функционална процена и/или Наод од стручно тело за проценка на функционирање, попреченост и здравје или потврда дека е во процес на функционална процена, како и мислење од стручната служба од училиштето каде е запишан ученикот);

-фотокопија од извод од матична книга на родените за ученикот;

-фотокопија од лична карта на еден од родителите/старателите;

-фотокопија од свидетелство за завршено одделение/година во претходната учебна година.

-изјава за давање на согласност за користење на лични податоци, потпишана од родител/старател на ученикот;

-изјава за веродостојност на податоците, потпишана од родител/старател на ученикот.

Документите за секоја тековна наставна година се доставуваат до Комисија, формирана од Градоначалникот на Општина Струмица.

Комисијата го задржува правото да воведе и други разумни дополнителни критериуми за селекција на учениците во случај на доставување на поголем број на барања кои ги исполнуваат горенаведените основни или дополнителни критериуми.

На барање на Комисијата, веродостојноста на податоците кои ќе бидат наведени во барањето, ќе треба да се поткрепи со дополнителни документи.

 

РОК  И МЕСТО ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ

Јавниот повик трае 15 дена од денот на објавувањето. Барањата доставени по истекот на рокот наведен во јавниот повик нема да бидат земени во предвид.

Барањата со потребните документи, се доставуваат на адреса: општина Струмица, ул. „Сандо Масев“ бр. 1, 2400 Струмица, лично во архивата на Општина Струмица, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот или по пошта, во затворен плик, со назнака НЕ ОТВАРАЈ, до Комисија за доделување на финансиска поддршка за ученици со попреченост.

По завршувањето на јавниот повик, родителите-старателите кои доставиле барање согласно критериумите и условите од јавниот повик и овој правилник, ќе бидат известени најдоцна во рок од 30 дена од денот на завршувањето на јавниот повик.

Во прилог линк од барањето ЛИНК

Во прилог линк од изјава за точност на податоци ЛИНК

Во прилог линк од изјава за давање на согласности ЛИНК

Во прилог линк од јавниот повик електронска форма ЛИНК

 

Општина Струмица
                                                                                     Градоначалник
Костадин Костадинов

The post ЈАВЕН ПОВИК за добивање на финансиска поддршка во една наставна година за редовните ученици со попреченост, со наод и мислење,во училиштата во Општина Струмица во наставната 2024/2025 година appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK