Јавен повик за членство во Локален младински совет на Општина Гевгелија

334027363_579145100789662_4534815240620515111_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

            Локалното собрание на млади на Општина Гевгелија распиша Јавен повик за членство во Локален младински совет на Општина Гевгелија. На Повикот, кандидати за членови во Локалниот младински совет на Општина Гевгелија можат да предлагаат: младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување.

            Повикот трае 15 работни дена и е отворен од 11 декември 2024 година. Формите на организирање и здружување треба да ја достават потребната документација во писмена форма до службеникот за млади во Општина Гевгелија, Петар Б. Јанчев, со назнака: „Апликација за членство во Локалниот младински совет на Општина Гевгелија“, во работните денови до крајниот рок на Повикот, од 08:00 до 16:00 часот.


             Согласно Законот за младинско учество и младински политики, Локалниот младински совет претставува тело на локалната самоуправа кое го сочинуваат млади претставници на различните форми на организирање во општината, кое има советодавна и застапувачка улога за прашањата од младински интерес кон локалната самоуправа. Вкупниот број на членови на ЛМС е различен во секоја општина – бројот на членови е непарен, не може да биде помалку од пет лица и да не надминува повеќе од една третина од членовите на Советот на Општината. Членовите на Локалниот младински совет, од своите редови бираат кој ќе биде претседател/ка и заменик-претседател/ка. Локалните младински совети се избираат од Локалните собранија на млади, а двегодишниот мандат на членовите се верифицира од страна на Советите на Општините.

            Повеќе информации за условите и потребната документација можат да се најдат на следниов линк, објавен на веб-страната на Општина Гевгелија: Јавен повик за членство во Локален младински совет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK