Ј А В Е Н  П О В И К за прибирање предлог- проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2025 година

1200px-Flag_of_Kumanovo_Municipality_North_Macedonia.svg_.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Врз основа на член 2 од Правилникот за утврдување на постапката за прибирање и разгледување на предлог- проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2024 година, донесен од страна на Градоначалникот на Општина Куманово, бр.01-9813/3 од 03.10.2024 година, Општина Куманово објавува

Ј А В Е Н  П О В И К



                за прибирање предлог- проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2025 година

                Со цел унапредување и развој на културата во Општина Куманово,како и успешна реализација на Програмата за културни манифестации за 2025 година, се повикуваат сите јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат имаат цели, задачи или регистрирана дејност од областа на културата или социјално-хуманитарна дејност, да пројават интерес на овој јавен повик, исполнувајќи ги следниве услови:

Критериуми

Како подносители на  предлог-проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2025 година можат да се јават: јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат цели, задачи или регистрирана дејност од областа на културата или социјално-хуманитарна дејност, а кои ги исполнуваат следните критериуми:

да се регистрирани како јавна установа, здружение на граѓани, фондација и други правни лица кои имаат цели, задачи или регистрирана дејност од областа на културата или социјално-хуманитарна дејност, согласно законот и истите да се со седиште на територија на општина Куманово како матична општина;
да придонесуваат за збогатување на културниот живот во општината;
да придонесуваат за зачувување и афирмирање на материјалното и духовното културно наследство на општина Куманово;
да го поттикнуваат и афирмираат локалното творештво на локалните уметници;
да се грижат за унапредување на соживотот меѓу заедниците;
да обезбедат континуитет на традиционалните културно- уметнички манифестации кои се од локален карактер;

Потребна документација

Подносителите на барања потребно е да достават:

барање со основни информации за подносителот (име на организацијата, адреса, телефонски број, е- маил адреса, лице за контакт);
трансакциска сметка на здружението;
краток опис на организацијата, предлог-проект за конкретна манифестација, опис на активностите кои ќе се преземат и придонесот од наведената манифестација;
потребен буџет како и опис на потребите од буџетот;
доказ за регистрација за вршење на дејност со седиште на територија на општина Куманово (тековна состојба од Централен регистар)

Еден подносител може да достави еден или повеќе предлог-проекти.

Секој предлог-проект потребно е да биде доставен со посебно барање и посебен архивски број.

3.Рок и начин на доставување на барањата

Јавниот повик ќе биде објавен на официјалната веб страна на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk  ќе трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето.

Барањата со целокупната документација се доставуваат во писмена форма до општинската архива со назнака „До Општина Куманово, Одделение за култура и спорт, за Јавен повик од областа на културата“.

Барањата кои ги исполнуваат условите, а кои ќе бидат од најголем интерес за развој и унапредување на културата во градот, ќе бидат дел од Програмата за културни манифестации за 2025 година.

Јавниот повик можете даго превземете ТУКА (MK) (AL)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

The post Ј А В Е Н  П О В И К за прибирање предлог- проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2025 година first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK