Ј А В Е Н  П О В И К за остварување на правото на народна кујна на територија на општина Куманово за 2025 година

1200px-Flag_of_Kumanovo_Municipality_North_Macedonia.svg_.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Врз основа на Програмата за развој на социјална заштита на Општина Куманово за 2025 година бр. 09-12889/47 од 16.12.2024 година („Сл. гласник на Општина Куманово“ бр. 14/24) и Правилник за утврдување на постапка за остварување на правото на народна кујна на територија на општина Куманово за 2025 година бр. ­­01-360/1 од 10.01.2025 година, донесен од страна на Градоначаникот на Општина Куманово,  Општина Куманово објавува

 


Ј А В Е Н  П О В И К

                за остварување на правото на народна кујна на територија на општина Куманово за 2025 година

 

Правото на користење на народна кујна, го опфаќа правото на еден дневен оброк за едно лице кој ќе биде обезбеден од страна на ЈУ-ОУД „Професор Мијалковиќ“, Куманово како давател на услугата со финансиска поддршка од страна на Општина Куманово за лица кои се наоѓаат под најголем социјален ризик.

Се повикуваат сите граѓани (физички лица), кои се наоѓаат под наjголем социјален ризик да пројават интерес на овој јавен повик, исполнувајќи ги следниве критериуми:

 

Корисници:

Лица- корисници на гарантирана минимална помош во ЈУМ Центар за социјална работа Куманово;
Лица корисници на право на социјална сигурност на стари лица;
Лица со интелектуална попреченост, лица со телесна попреченост, потполно слепо и потполно глуво лице;

Едно лице може да искористи еден оброк на дневно ниво.

Лицата оброкот го подигнуваат со важечка лична карта.

Еден барател може да поднесе едно барање во кое може да ги наведе и останатите

членови на своето семејство како соуживатели на право на користење на народна кујна и за истиот ќе бидат пресметани толку оброци колку што има членови на семејството.

 

Потребна документација

Подносителите на барања потребно е да достават барање со следнава потребна документација:

за лица- корисници на гарантирана минимална помош во ЈУМ Центар за социјална работа Куманово- решение од ЈУМ Центар за социјална работа Куманово (фотокопија);
за лица корисници на право на социјална сигурност на стари лица- решение од ЈУМ Центар за социјална работа- Куманово (фотокопија);
за лица со интелектуална попреченост, лица со телесна попреченост, потполно слепо и потполно глуво лице- документ од конзилијарно мислење од првостепена комисија од соодветна здравствена установа или решение за надоместок за попреченост од Центар за социјална работа и потврда од АВРСМ дека лицето е евидентирано како невработено.
Рок и начин на доставување на барањата

Јавниот повик ќе биде објавен на официјалната веб страна на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk

Јавниот повик ќе трае тековната фискална 2025 година.

Барањата можат да се подигнат во општинската зграда во поранешен Козјак и на следниов ЛИНК.

Барањата со целокупната документација се доставуваат во писмена форма до општинската архива со назнака „До Општина Куманово, Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита“.

За сите подносители на барања кои ќе бидат опфатени со оваа мерка, ќе биде изготвено решение од страна на Градоначалникот на Општина Куманово и истото ќе биде истакнато на видно место во просториите на  ЈУ-ОУД „Професор Мијалковиќ“, Куманово, како давател на услугата.

The post Ј А В Е Н  П О В И К за остварување на правото на народна кујна на територија на општина Куманово за 2025 година first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK